Папата Франциск повторно на респиратор, лекарите загрижени, верниците во солзи

Од:

Иако се чинеше дека неговата состојба е стабилизирана, Светиот Отец повторно доживеа сериозни компликации и беше вратен на механичка вентилација. Ватикан објавува нови информации додека милиони верници нестрпливо чекаат вести од болницата „Гемели“.

Во време кога милиони верници ширум светот се молеа за здравјето на Светиот Отец, неочекуван пресврт на судбината донесе нова вознемиреност во срцата на сите.

Папата Франциск, кој само еден ден претходно беше изваден од респиратор и се чинеше дека е во стабилна состојба, се соочи со сериозни компликации.

Според соопштението од Ватикан, папата доживеал ненадејни респираторни тешкотии, придружени со повраќање, за што била потребна итна медицинска интервенција и повторно поврзување со апаратот за дишење.

Оваа неочекувана криза доаѓа откако папата, хоспитализиран поради билатерална пневмонија, покажа знаци на закрепнување. Ова е негова четврта и воедно најдолга хоспитализација откако стана папа во 2013 година.

Лекарите изразија загриженост за можноста бактериите од респираторниот тракт да навлезат во крвотокот и да предизвикаат сепса, што дополнително ја усложнува и онака сериозната ситуација.

Папата Франциск пред две недели беше примен во болница поради бронхитис, кој подоцна прерасна во билатерална пневмонија. Неговата издржливост и веселиот дух беа инспирација за многумина, но оваа нова здравствена криза фрла сенка врз неговото закрепнување.

Верниците ширум светот со солзи во очите и молитви се надеваат на чудо и брзо закрепнување од Светиот Отец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

ВИДЕО: Ватикан се подготвува, поставен оџак на Сикстинската капела

Катерина Ѓуровски

Објавени фотографии од гробот на папата

Катерина Ѓуровски

Погребан папата Франциск

Предраг Петровиќ

Пристигна во Рим во најскап стајлинг, а на погребот на папата беше непрепознатлива

ЖИВО: Почна погребната церемонија на папата Франциск, обезбедување од 4.000 полицајци