Мерц: Конфликтот меѓу Трамп и Зеленски беше намерна ескалација

Од:

Јавниот конфликт меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа беше „намерна ескалација“, изјави денеска победникот на германските избори Фридрих Мерц.

„Тоа не беше спонтана реакција на интервенциите на Зеленски, туку очигледно намерна ескалација на оваа средба во Овалната соба“, рече Мерц на прес-конференција во Хамбург.

Тој изјави дека Европа е под притисок да реагира брзо.

Мерц, како што јави агенцијата Ројтерс, истакна дека е клучно да се задржи соработката меѓу ЕУ и САД и дека се уште не планира патување во САД, но дека тоа ќе се случи по формирањето на владата во Берлин.

Посетата на Зеленски на Белата куќа во петокот беше прекината откако тој влезе во жестока размена на зборови со претседателот Доналд Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кои го обвинија за „непочитување“ на состанокот во Овалната соба.

После тоа, украинскиот лидер ја напушти Белата куќа без коментар, а Трамп на платформата Truth Social напиша дека Зеленски не е подготвен за мирно решение на украинскиот конфликт и дека покажува непочитување кон САД.

Би можело да ве интересира

Мерц по изборната победа бара брзи коалициски преговори за нова влада

А1он

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Портрет на идниот германски канцелар – Фридрих Мерц

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он