На актерот Кирил Поп Христов – Кили му е одредена мерка домашен притвор, откако неговиот адвокат Владимир Данаилов претходно го побара тоа.
Барањето на адвокатот Данаилов се основаше на влошената здравствена состојба на Кирил Поп Христов подкрепена со соодветна медицинска документација.
Актерот Поп Христов е обвинет за недозволено производство и поседување на марихуана.