Променливо облачно со повремен локален дожд

Од:

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и релативно топло време, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно и релативно топло, претпладне во делови од котлината со појава на магла и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

УХМР информира дека утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (до 15 литри на метар квадратен), а во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.

Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе биде пониска.

Би можело да ве интересира

Нестабилно време – дожд, грмежи и засилен ветер

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер

Топло со темератури до 38 степени, попладне дожд

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд

А1он

Сончево со мала до умерена локална облачност

А1он