Мистерија е како починаa Хекман и неговата сопруга

Од:

Полицијата сè уште ја истражува мистериозната смрт на легендарниот актер Џин Хекман, неговата сопруга и нивното куче.

Во услови на интензивни шпекулации за тоа како Хакман и Бетси Аракава трагично починаа во нивниот дом во Ново Мексико вреден 3,8 милиони долари, инспекторите откриле дека немало надворешна траума на ниту едното тело. Обдукцијата беше завршена рано наутро во четвртокот, а истражителите сè уште ги чекаат целосните резултати, заедно со извештајот од токсикологија, пишува Дејли мејл.

Едно од трите деца на Џин, Лесли Ен Хекман, вчера изјави дека таа и нејзината сестра Елизабет Џин шпекулирале дека парот починал од вдишување токсични испарувања од истекување на јаглерод моноксид. Меѓутоа, пожарникарската служба на градот Санта Фе и гасната компанија Њу Мексико го тестирале домот на сопружниците за јаглерод моноксид и други елементи и заклучиле дека областа е безбедна.

„Во овој момент, нема знаци или докази кои укажуваат дека има проблем со цевките во и околу резиденцијата“, соопшти компанијата за гас во Њу Мексико.

Шерифот Адан Мендоза потврди дека првичните наоди не покажале надворешна траума на ниту едното тело.

„Немаше очигледни знаци на траума. Начинот и причината за смртта не се утврдени. Официјалните резултати од обдукцијата и токсиколошките извештаи се чекаат. Ова останува отворена истрага“, рече Мендоза.

Легендарниот актер Џин Хекман беше пронајден мртов заедно со сопругата и кучето во нивниот дом во Ново Мексико. Нивните тела беа пронајдени откако сосед повика полиција, а се шпекулира дека тие биле мртви две недели.

Од моментот кога се дозна дека славниот актер починал со сопругата, неговите колеги и пријатели не престануваат да се збогуваат со него.

Би можело да ве интересира

Џин Хекман и неговата сопруга се пронајдени мртви покрај нивното куче

Горан Наумовски