Антикорупциските проверки во осум земји-членки на Европската унија утврдиле присвојување на четири проценти од сите буџетски средства наменети за јавните набавки, односно сума од 2,2 милијарди евра, соопшти денеска
Европската служба за борба против измамите (ОЛАФ). Како што пренесува ИТАР-ТАСС, податоците ја даваат вкупната проценка на загубата предизвикана од корупцијата во државните набавки во 2010 година во пет главни сектори, меѓу кои и градежништвото и пречистувањето на водите.
Осумте земјите во кои е извршена проверката – Франција, Унгарија, Италија, Литванија, Холандија, Полска, Романија и Шпанија – биле определени по случаен избор.
ОЛАФ не посочува конкретни учесници во корупциските скандали, бидејќи проверката е статистичка, а не целосна криминална истрага.