ВРЕДИ: Кој го спаси Бујар Османи?

Од:

„ДУИ повторно ја манипулира јавноста со наводниот „ветинг“ и прочистување, ние сакаме да им помогнеме. Вистинското прашање останува – Кој го спаси Бујар Османи од судска разврска за случајот Пациент? Специјалното јавно обвинителство покрена бројни случаи против високи функционери од владата на Никола Груевски, но само еден остана недопрен – предметот „Пациент“. Бујар Османи беше единствениoт за кој СЈО кажа дека има сомнеж и докази за сторен криминал, но не покрена обвинение“ соопштија денеска од коалицијата ВРЕДИ.

Од таму прашуваат „Зошто сите други процеси завршија во суд, а овој мистериозно беше стопиран? Кој ја повлече рачната кочница? Дали Бујар Османи им должи на Мијалкови или на Заеви? На кого до крај на животот ќе мора да му слугува господинот Османи?“.

„Црната листа беше пополнета со името на најдобриот другар на Бујар Османи, Артан Груби. Тоа се случи заради посредување и спасување на Мијалков. Дали и овој случај Пациент и неговотo умртвување се должи на истите луѓе и истата шема? Дали Артан Груби посредувал за спас на Бујар Османи? Бујар Османи остана без кривична одговорност, но моралната и етичката ќе ја носи до крајот на живото. Затоа е добро сам да даде одговор каква штета претрпеа граѓаните? За време на министерувањето на Бујар Османи, Јавната здравствена установа Гинекологија Чаир беше жртва на сериозни злоупотреби. Таа клиника, каде се раѓаат децата на сите нас, од Чаир и пошироко, беше предмет на истрагата на СЈО. Колку пари беа украдени? Колку пациенти беа оставени без соодветна здравствена заштита? Колку луѓе загубија шанса за подобар третман поради криминалните игри на Османи?“ прашуваат од ВРЕДИ.

Велат дека „Османи не е само политичар со сомнително минато – тој е директно одговорен за уназадувањето на здравствениот систем! Додека медицинските установи пропаѓаа, неговите блиски се богатеа. Колкава е цената на неговата слобода и кој ја плати? Време е за вистински ветинг, а не за лажна театарска претстава!“.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија