СДСМ: Размислува ли оваа неодговорна Влада што ќе им остави на идните генерации?

Од:

Од банките вчера се подигнати 145 милиони евра! Двојно повеќе од најавеното задолжување од страна на министерството за финансии. Од нив, 70 милиони евра се нов долг! Останатите 77 милиони евра се за раздолжување на Владата, велат од СДСМ.

„СДСМ укажува дека Македонија е длабоко турната во „маѓепсан круг на задолженост“! И што е најстрашно, вчерашната аукција на хартии од вредност покажа дека не станува збор само за повлекувања на средства и за раздолжувања, туку и за нови задолжувања!

– Бидејки Владата сериозно ја задолжи државата, а македонската економија реално тој долг не може да го отплаќа, следат новите задолжувања, пред `се за краткорочно покривање на достасаните долгови. На овој начин задолженоста останува! Но, имајќи ја предвид намерата на Владата да го зголеми буџетскиот дефицит, паралелно ќе следи и задожување за покривање на тековни трошоци. Досега, вкупниот домашен долг, само во периодот јануари 2012 – август 2013 година е зголемен за речиси три пати“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција