Правда за Фросина и за сите жртви на сообраќајното дивеење – трет протестен марш

Од:

Семејството на Фросина Кулакова која беше прегазена минувајќи на пешачки премин на улицата „Партизански одреди“, но и семејствата на други жртви во сообраќајни несреќи беа дел од денешниот протестен марш на кој се бараше правда, крај на неказинвоста и построги закони за ваквите прекршоци како и нивна вистинска примена.

Протестот почна на „Партизанска“ на местото каде што беше прегазена Фросина. Од таму маршот продолжи пред Владата, потоа кон Собранието и на крајот пред Апелацискиот суд.

„Ние сме гласот на Фросина, валкани пари-смртни последици“ пишуваше на транспарентот со кој денешните учесници, заедно со членовите на семејството на починатата Фросина Кулакова, протестираа од Универзална сала, преку Собранието до судовите. Стотици граѓани бараа правда за загинатите во сообраќајни несреќи како и ригорозни казни за прекршителите на сообраќајните правила кои предизвикале смртни последици.

На протестот се браше правда и за загинатите во несреќата кај Ласкарци. Протестот е во организација на дивежето „Кој е следен“.

Би можело да ве интересира

Протест во Неготино: Граѓаните бараат правда за Фросина

Таткото на Фросина: Немаат вистинско каење, и после девет дена не изразија сочувство

Горан Наумовски

Од почит за Фросина и за Миле, Неготино ги откажа забавно-музичките настани

Трагичната смрт на Фросина ги размрда партиите, во Собрание расправа за поголема безбедност во сообраќајот

Семејството на Фросина вo ОЈО билo запознаенo со доказите против обвинетиот Васил Јованов

Коцевски за сообраќајката во која загина Фросина: Сите факти и околности ќе се имаат во предвид

А1он