Трамп разговараше со Путин: Веднаш започнуваме преговори за Украина, ќе го известам Зеленски

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека имал „долг и многу продуктивен разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин, за време на кој се согласиле „веднаш“ да започнат мировни преговори во Украина.

„Се договоривме да работиме заедно, многу тесно, што вклучува меѓусебни посети во нашите земји“, напиша претседателот на САД додавајќи дека „веднаш“ ќе го информира украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговиот разговор со рускиот лидер.

Кремљ објави дека Путин и Трамп разговарале речиси час и половина и се договориле да се сретнат, пренесува Ројтерс.

Руската новинска агенција ТАСС пишува дека Путин го поканил Трамп во Москва.

Тоа е првиот познат директен контакт на Путин со американски претседател од февруари 2022 година, кога тој разговараше со поранешниот претседател, Џо Бајден.

Би можело да ве интересира

Трамп ги укина санкциите за руски производител на оружје, во исто време ја суспендираше помошта за Украина

А1он

Изласан е „големиот прекрасен“ закон на Трамп што го разбесни Маск

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж

Путин го потпиша законот за заштита на рускиот јазик во јавниот простор

А1он

Зеленски: Путин ги отфрли сите мировни предлози, дури и оние од САД

А1он

Трамп ја објави пораката што му ја испрати шефот на НАТО

А1он