Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

Од:

Фудбалскиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска изјави дека верува во својот тим пред натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Манчестер Сити утре од 21:00 часот го пречекуваат Реал Мадрид во првиот натпревар од плеј-офот за осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Ние сме таму каде што сме. Овој тим има нешто посебно и се надевам дека ќе го покаже тоа утре. Нема да негирам колку верувам во играчите кои ни дадоа неверојатна енергија изминатите години, победија многу и играа на високо ниво. Знам на што сме способни – изјави Гвардиола на прес-конференцијата, а пренесува клупскиот сајт.

Тој изјави дека повеќе сака реваншот да го игра на домашен терен бидејќи тогаш тимот има предност во случај на продолженија.

– Вториот натпревар го играме на гости бидејќи не бевме добри во првенствената фаза. Не можеш да бараш услуга кога ќе завршиш на 22. место на табелата, во фудбалот треба да го заработиш – ние не. Не бевме ни блиску – изјави тренерот на Манчестер Сити.

Гвардиола истакна дека неговиот тим не игра добро константно оваа сезона.

– Освојувавме три или четири трофеи годишно и сега гледаме колку беше тешко. Тоа е затоа што бевме како машина, често знаевме да се вратиме од тешки ситуации – изјави Гвардиола.

Тренерот на Манчестер Сити изјави дека се уште не знае со кој тим ќе игра утре и додаде дека нема да може да смета на некои играчи поради повреда.

Двата тима ќе се сретнат во нокаут фазата четврта сезона по ред, а секогаш после тоа една екипа беше шампион во Лигата на шампионите, Реал беше подобар во 2022 и 2024 година, а Сити во 2023 година.

Би можело да ве интересира

Сити го победи Арсенал во Манчестер – се закомплицира борбата за титула во Англија

А1он

Гвардиола ја откри тајната на успехот на Манчестер Сити: Сонцето, не се шегувам!

А1он

Екс фудбалерот Самир Насри ќе плати 5,5 милиони евра – го издаде доставата на храна до неговиот стан

А1он

Бернардо Силва си оди од Сити

А1он

Гвардиола брка историја – Сити е на чекор од нов рекорд

А1он

Гвардиола му порача на Халанд: Не преговарај со Реал Мадрид до крајот на сезоната

А1он