Вучиќ: Секогаш сум за дијалог, затоа го нудам, разговорот е лековит, важен и корисен

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека секогаш е за дијалог и затоа го нуди и посочи дека разговорот е лековит, важен и корисен.

Вучиќ ова го изјави во видеото објавено на Инстаграм профилот каде одговараше на прашања и коментари на граѓаните.

„Многу сум фокусиран и посветен на разговор, дијалог со луѓето, затоа и го нудам. Им одговарам на луѓето, сакам да разговарам со вас и сакам да го слушнам вашето мислење и ставови“, изјави Вучиќ.

Едно од прашањата беше дали треба да работи во некоја од новите фабрики, која би ја одбрал, а Вучиќ рече дека е важно што има многу прекрасни фабрики, дека се модерни и дека не се знае која е поубава.

„Тие се прекрасни фабрики, па не е важно, важно е човек да прави што сака и да е задоволен“, изјави Вучиќ.

На прашањето кога просечната плата ќе биде 1.000 евра, Вучиќ рече дека во декември годинава просечната плата треба да биде 1.000 евра. Декември-јануари, ако успееме да почнеме со работа“, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ стигна во Москва

А1он

Авионот на Вучиќ на пат кон Москва приземјен во Баку

Катерина Ѓуровски

Вучиќ отпатува за Москва, в петок се среќава со Путин

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време

Горан Наумовски