Медиумите во Приштина вечерва, веднаш по затворањето на избирачките места на изборите за Собрание на привремените институции, објавија излезни анкети, според кои ниту една партија нема да може сама да формира влада.
Според проекцијата на Коха, партијата Самоопределување повторно ќе освои најмногу гласови, но сега ќе има 47 пратенички места, додека досега имаше повеќе од 50, Самоопределување освои 42,3 отсто од гласовите.
Како што се наведува, Демократската партија на Косово и Демократската лига на Косово ќе имаат по 23 мандати, а коалицијата околу Алијансата за иднината на Косово ќе има 7 мандати.
Според анкетата што ја објави ТВ Дукаѓини, Самоопределување освоила 40,3 отсто од гласовите, Демократската партија на Косово 21,4 отсто, Демократската лига на Косово 19,3 отсто, а коалицијата околу Алијансата за иднината на Косово 7,2 отсто.