Утрото студено, преку ден до 11 степени

Од:

Утрово е студено со услови за појава на магла по одделни котлините.

Преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според УХМР, времето во следните денови ќе биде стабилно и суво, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.

Кон средината на идната недела се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево и топло, со умерена локална облачност

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Денеска сончево и потопло време, температури до 23 степени

Горан Наумовски