Мицкоски: Лажни се дојавите за бомби во училиштата, тоа се хибридни напади

Од:

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во државата, работната група одржува состанок, насоките ќе стигнат до институциите, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски во Велес, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето станови на социјално ранливите семејства во општина Велес. Во изјава за медиумите, премиерот рече дека вакви закани имало и во Хрватска и Унгарија.

– Јас постојано бев во контакт со министерот за внатрешни работи, ме брифираше и конечно имам пресек, досега сите без исклучок се лажни дојави. Тие се тие напади хибридни напади коишто ќе се случуваат, не е нешто неочекувано ќе треба да се подготвиме. Постапено е според протоколот ваков тип на напади имаше пред некој ден и во Хрватска претходно во институциите во Унгарија и претпоставувам дека ова ќе биде ќе биде континуитет кај нас, но мислам дека се креира еден протокол, изјави премиерот.

Тој информираше дека работната група одржува состанок и дека до крајот на денот ќе стигнат насоките до училиштата и до припадниците на МВР.

– Работната група се состанува односно работи на изготвување на протокол и денеска до крајот на денот ќе стигнат насоките и до училиштата, но и до директорите но и до припадниците на Министерството за внатрешни работи што треба да се направи за да имаме непречено одвивање на наставата во овие објекти, изјави премиерот.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски