Велешанец фатен со 11 килограми опиум

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 16.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми.

З.К. бил задржан во полициска станица, известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Се судрија автомобил и два мотоцикли кај наплатна рампа „Глумово“ – тројцата возачи завршија во болница

А1он

Прилепчанец возеше со 2,4 промили алкохол во крвта – се трезнеше во полициска станица

А1он

Уапсен велешанец – ја повреди мајка си, па кршеше предмети во домот

А1он

Американец (43) пронајден починат во хотел во Скопје

А1он

Возач на „мерцедес“ со германски регистрации прегази полицаец во Тетово

А1он