Два земјотрес, првиот со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала и вториот со јачина од 5 степени го потресоа утрово грчкиот остров Санторини. Ова е прдолжување на низата потреси на островот кој поради сеизмичката активност го напуштија илјадници жители и туристи.
Грчката влада вчера прогласи вонредна состојба во Санторини. Повеќе од 10.000 жители и туристи се евакуирани.
Santorini has experienced over 550 earthquakes since the weekend, with the strongest at 4.9 magnitude. More than 6,000 residents have evacuated, and experts warn that seismic activity may persist. The island, which usually hosts millions of tourists, is now deserted, with… pic.twitter.com/LJ9WUbN3iR
— GeoInsider (@InsiderGeo) February 4, 2025
Во последните две недели се забележани неколку илјади земјотреси, од кои дури 30 дневно биле со јачина поголема од 4,0 степени. Повеќето од нив се случиле на длабочина помала од 10 километри, што значи дека луѓето на островите ги почувствувале доста силно.
Посилните земјотреси предизвикаа одрони на крајбрежните карпи и помали оштетувања на зградите. Најсилниот земјотрес до сега, со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, го погоди регионот на 6 февруари. Почувствуван е и во Атина, Крит и делови од Турција оддалечени повеќе од 240 километри.
Санторини, инаку една од најпосетуваните туристички дестинации во светот, е речиси празен. Во последната недела околу 11.000 луѓе го напуштија островот, вклучувајќи туристи и локални жители. Многумина стравуваат дека сеизмичката активност може да биде вовед за вулканска ерупција.