Досетлив париски ресторатер смислил начин како да ги привлече фановите на ПСЖ, клубот за кој игра познатиот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ.
Тој нуди мега-сендвич од 600 грама за 29,90 евра кој едноставно го нарекол „Златанбургер“.
Жан Филип Грандин, менаџерот на кафето Доди вели дека бургерот е доминантен како Ибрахимовиќ. Во него има 600 грама мелено месо со кромид, сланина и три видови сирење. Рекламирајќи го бургерот, Грандин вели дека „дури ни Чак Норис не би можел да го изеде“.