Филков ја разреши судијката Алексовска Стојановска од работна група во Министерството за правда

Од:

Министерот за правда Игор Филков на прес конференција ги повика судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина.

„Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијата чие име ја бранува јавноста. Судијата беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измени на Кривичниот законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик со кои што очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година.

Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството”, изјави Филков.

Филков смета дека е крајно време надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки со цел лоцирање на виновниците и евентуална одговорност.

,, Одговорност мора да се утврди и тука нема компромиси. Граѓаните очекуваат правда а институциите се должни да ја испорачаат, брзо, правично и транспарентно.Овој случај е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите кои беа презентирани пред само некој ден. Токму брзината на постапување и корумпираноста беа детектирани како најголем проблем на судството со најниска оценка”,посочи министерот за правда, Игор Филков.

Непостапувањето и спороста, според Филков отвора можност утре да имаме исти или слични случаи.

,,Апелирам до сите политички чинители во државата да не се обидуваат овој несреќен случај да го злоупотребуваат за дневно политички цели. Правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и одвнатре. Нема да дозволам неказнивост и недопирливост”,рече Филков.

Би можело да ве интересира

Работите треба системски да се решаваат, вели Мицкоски за случајот со Фросина

Лефков: Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт

Абази: Ќе го откриеме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов

Проценивме дека делото е сторено со умисла, за Јованов се води постапка за најтешко дело во сообраќајот соопшти Коцевски

Камбовски: Случајот ја потресе државата, во ваков момент да не се избрзува со одлуки и заклучоци

Коцевски: Обвинителството ќе постапи професионално во случајот со Фросина Кулакова, делумно се во право граѓаните дека системот е виновен

Катерина Ѓуровски