Облачно со слаб дожд и температури до 13 степени

Од:

Најстудено утрово со измерени -2 степени Целзиусови е во Берово и Попова Шапка, а најтопло со 7 степени е во Гевгелија.

Според УХМР утрово во Маврови Анови и во Крива Паланка се измерени 0 степени, 1 степен во Лазарополе, 2 во Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, 3 Битола и Кавадарци, 4 Тетово, Охрид, Претор и Виница, 5 Скопје-Петровец, Велес, 6 степени во Скопје-Зајчев Рид.

Висината на снежната покривка во 7 часот е 32 сантиметри на Попова Шапка и 14 сантиметри во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, преку ноќта понекаде на повисоките планини ќе провејува слаб снег. По одделни котлини претпладне има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Би можело да ве интересира

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен

Сонце, малку ветер и температури до 18 степени