Лука Дончиќ се сели во ЛА Лејкерс

Од:

Далас Маверикс се блиску до договор за трејд со Лос Анџелес Лејкерс, во кој на Лејкерси ќе им се приклучат Лука Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис, пренесува ESPN.

Во замена, Далас ќе ги добие Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година. Јута, исто така, учествува во овој тринасочен договор, според добро информираниот новинар на ESPN, Шемс Чаранија.

Џезерите ќе добијат Џејлен Худ-Скифин и два драфт пика од вториот круг.

– Верувам дека одбраната освојува трофеи. Верувам дека доведувањето на еден од најдобрите играчи во НБА со одбранбен начин на размислување ни помага да ја постигнеме таа цел. Сега имаме тим кој победува сега и во иднина – изјави генералниот директор на Мавс, Нико Харисон.

Минатата година Мевси стигнаа до големото финале со Дончиќ и загубија од Бостон Селтикс.

Дончиќ сезонава поради разни проблеми со повреди досега одигра само 22 натпревари, а нема настап од 25 декември.

Веќе подолго време се шпекулира дека во Далас не се задоволни од состојбата на Словенецот како и недисциплината кога е во прашање исхраната, што беше една од причините за бројните повреди.

Би можело да ве интересира

Дончиќ останува „езeрџија“ до 2029 година за 229 милиони долари

А1он

Дончиќ кога дозна за преселбата од Маверикс во Лејкерс го скрши телефонот

А1он

Далас ќе им ги враќа парите на шокираните навивачи по заминувањето на Лука Дончиќ

А1он