Повторно сообраќаат трамваите и тролејбусите во Сараево

Од:

Трамваите и тролејбусите во Сараево, кои вчера не сообраќаа поради неплатени сметки за електрична енергија, денеска повторно се пуштени во движење, откако претпријатието за градски транспорт – ГРАС ја плати договорената месечна рата од својот долг.

Министерството за транспорт на кантонот Сараево му помогнало на ГРАС со околу 25.000 евра за да ја плати тековната сметка за струја.

Босанската компанија „Електростопанство“ вчера му ја исклучи струјата на ГРАС, кој должи повеќе од 1,5 милиони евра за електрична енергија. „Електростопанство“ неколку пати го одложувало исклучувањето на струјата и роковите за исплаќање на долгот на градското сообраќајно претпријатие.

Прекинот на струја вчера предизвика сообраќаен хаос во главниот град на БиХ, кој има 400.000 жители.

Претпријатието ГРАС уште од периодот на војната работи со загуба поради лошото управување, а градскиот сообраќај во Сараево е еден од најлошите во регионот. Трамваите, тролејбусите и автобусите се стари и лошо одржувани, а Владата на кантонот Сараево, која е сопственик на транспортното претпријатие, сериозно ја разгледува можноста за прогласување банкрот на ГРАС.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници