Потресна фотографија за разделба на слонови стана хит на интернет

Од:

Потресна фотографија на слоница која се збогува од својот угинат партнер стана вистински хит на интернет и со голема брзина се шири на социјалните мрежи.

Фотографијата е дело на 63-годишниот Џон Чејни, кој за време на своето сафари во Боцвана наишол на труп на слон опкружени со мршојадци и хиени. Додека Чејни и неговите пријатели се подготвувале да продолжат со патот, пристигнала една слоница, која ги избркала мршојадците и хиените и милно се доближила до угинатиот слон.

Чејни вели дека слоницата со часови „бдеела“ над слонот, за кој претпоставував дека е нејзиниот угинат партнер, и се збогувала од него држејќи го за забот.

Фотографијата е снимена уште во 2007 година, а Чејни дури сега ја испратил на натпреварот на Нешанал Географик. Иако, тој е не влезе во кругот на наградените, сепак доби посебна пофалница од жирито.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска