Зеленски е оптимист во врска со притисокот на САД врз Москва да стави крај на руската агресија врз Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е оптимист во врска со притисокот на САД врз Москва да стави крај на руската агресија врз Украина, иако тој рече дека мисли оти американскиот претседател Доналд Трамп не е јасен како да го направи тоа.

Зеленски ги пофали заканите на Трамп за зголемување на економските санкции за притисок врз Русија. Но, рече и дека му кажал на Трамп за претходните преговори – „Путин го дава зборот, а потоа не го држи“.

„Мислам дека (Трамп) не е јасен за деталите“, рече тој.

„Речиси сè зависи од тоа што ние Украинците можеме да обезбедиме за да се заштитиме, бидејќи повеќе нема да ги правиме грешките од минатото“ порача Зеленски.

Тој рече дека му рекол на Трамп дека Путин „дефинитивно не сака“ да ја заврши војната, „затоа тоа нема да се случи брзо“.

„Но, Трамп, благодарение на неговата сила, санкциите, силата на САД и економијата, може да го забрза“, рече украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Захарова: Негрижа на Зеленски за животите на Украинците

А1он

Зеленски: САД не ја прекинаа воената помош за Украина

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он