Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада

Од:

Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна прес конференција.

„Постапката е следна, почнува со констатирање на оставката во Собрание, кога ќе биде констатирана, почнува рокот од 30 дена додека мора да се избере Влада, ако не се избере, се распишуваат избори. Претседателот на Републиката е должен да покрене постапка за избор на нова Влада, нема да избегнувам консултации, иако знам дека ќе добивам само навреди. Да разговараме дали да одиме на формирање Влада или на нови избори. Вучевиќ веќе почнал разговори со Дачиќ, рекол дека не е за избори. Ќе продолжиме со разговорите со другите“ – рече Вучиќ.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска поднесе оставка и како што појасни, смета дека е објективно одговорен за нападот врз студентите што се случи синоќа во Нови Сад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Кога даваш оставка, тоа е знак на сила

Вучиќ: Објавени се сите документи за Нови Сад

А1он

(ВИДЕO) Вучиќ од Јагодина: Нема да има промена на власта со сила, студентите нека кажат кое барање не е исполнето“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голема гужва во Јагодина, Вучиќ сподели снимка

Предраг Петровиќ

Вучиќ за генералниот штрајк: Има многу лудаци во Србија

А1он

Вучиќ со Зеленски: Разговаравме за можностите за постигнување мир