Сирискиот министер за надворешни работи Асад Хасан ал Шибани ја поздрави денеска одлуката на Европската унија за ублажување на санкциите кон Дамаск, опишувајќи го потегот како „позитивен чекор“.
Тој во објава на мрежата Икс изјави дека Дамаск се радува на можното целосно укинување на санкциите.
„Се надеваме дека оваа одлука ќе има конструктивно влијание врз сите аспекти од животот на сирискиот народ и ќе обезбеди одржлив развој“, напиша Ал-Шибани.