Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

Од:

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола промовира изложба на книги посветена на 26 јануари, прогласен од Обединетите Нации за Светски ден за едукација за заштита на животната средина.

Ние имаме само една планета и колку повеќе ќе ја чуваме толку повеќе оставаме за идните генерации. Денешниот ден, 26 јануари, е потсетник за тоа какви програми за едукација се потребни на глобално ниво, посочија од Библиотеката во Битола.

– Изложбата е дел од активностите кои ќе ги реализира нашата Библиотека за подигнување на свеста и едукација за заштитата на животната средина. Изложбата е отворена секој ден и посетителите може да погледнат и изнајмат книги публикувани на македонски и англиски јазик, истакнаа од таа национална установа.

Во изложбениот салон на библиотеката изложени се книгите „Човекот, водата и животната средина“ на авторот Милош Змејковски, „Дипломатија на животната средина“ од Лоренс Е. Саскинд, „Геологија за инженери и стручњаци за животна средина“ од Аланд Кехју, „Заштита на животната средина“ од Милто Мулев, Зборник на трудови во издание на МАНУ, истражувачки центар за животна средина и материјали, детска илустрирана енциклопедија за екологија и други енциклопедии посветени на екологијата.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Раритетни книги и печатарски машини во Музејот на Битолската библиотека

А1он

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски