Разводот е поопасен за мажите

Од:

Најновото истражувања чии резултати се објавени во „Journal Of Men’s Health“, покажува разводите се многу поопасни за мажите отколку за жените.

Експертите тврдат дека разводот силно влијае на физичко и психичко здравје на мажот. Поточно, меѓу разведените и неоженетите мажи стапката на смртност е многу поголема отколку меѓу мажите кои се во брак.

Разведените или неоженетите мажи често боледуваат од депресија, а се склони и кон наркотици. Истражувањето покажува дека најчести причини на прераната смрт меѓу мажите се кардиоваскуларните болести, хипертензија и мозочен удар.

Исто така, разведените мажи почесто имаат грип во споредба во оние во брак.

– Мажите секогаш се покажуваат како се цврсти, отпорни и силни. Тие наводно се поотпорни на психички повреди од жените. Но, ова истражување покажува дека тоа не е точно. Можеби мажите не покажуваат дека им е лошо, но тоа многу брзо може да се види по нивното здравје, но и нивното однесување, истакнува д-р Ридван Шабсинг, претседател на интернатионалниот „Society of Men’s Health“.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска