Канцеларијата на претседателот на Украина во наредните денови ќе предложи измени на законодавството за регрутирање на мажи на возраст од 18 до 25 години, извести советникот на Одделот за национална безбедност и одбрана на ОП Микола Шур.
Се очекуваат низа измени на законите и претседателските декрети, кои треба да бидат претставени во наредните денови, рече Шур, додавајќи дека моментално се договараат „технички детали“, пренесува Унијан.
Како што објави Шур, концептот е развиен од работна група составена од претставници на Министерството за одбрана, Генералштабот на вооружените сили на Украина и јавни организации.
Предлозите може да се разгледуваат во штабот на врховниот командант.
Според него, станува збор за доброволно потпишување на договор кој ќе вклучува различни финансиски и други стимулации.