Припадници на српското МВР ,денеска во блок 70 ја пронајдоа К.В.(2000) која со возило „цитроен“ удри во дваесет и шестгодишна девојка, која протестираше на денешниот протест во Белград.
Повредената девојка е пренесена во Ургентниот центар во Белград.
Во службените полициски простории е донесена К.В., а следи понатамошна работа на полицијата и обвинителството.