Францускиот тенисер Гаел Монфис беше изненаден кога новинарите го прашаа дали Новак Ѓоковиќ може да го освои трофејот на Австралија опен. И покрај тоа што моменталните Топ 3 тенисери на АТП листата се Јаник Синер, Саша Зверев и Карлос Алкараз, тој не гледа причина да се сомнева во Србинот.
„Зборуваме за Новак. Спомнавте три гиганти, но ние зборуваме за легенда. Ако некој може да го направи тоа, тоа е тој. Не треба ни да го поставувате тоа прашање, бидејќи тоа е Новак Ѓоковиќ“, рече Монфис.
Ѓоковиќ го познава Монфис (38), кој сега е на 41. место во светот, уште од јуниорските денови. И неверојатен куриозитет е што Новак го победи Французинот на сите 20 нивни натпревари.
На тековниот Австралија опен, Монфис во првото коло го победи сонародникот Мпеши Перикар во пет сета, во второто го победи Алтмаер со 7:5, 6:3, 7:6, во третото го изненади Тејлор Фриз совладувајќи го со 3:1. во сетови, Потоа во осминафиналето по повредата во третиот сет го загуби мечот од Бен Шелтон кој утре го игра полуфиналето против Синер.