Том Холанд ќе ја игра главната улога во новиот филм на Кристофер Нолан, адаптација на античкиот грчки еп „Одисеја“.
Хомеровиот еп, едно од најстарите книжевни дела, ќе биде претставено во филмска верзија на 17 јули 2026 година. Делото, кое се состои од повеќе од 12.000 стихови, го следи грчкиот херој Одисеј, кралот на Итака, на неговото десетгодишно патување дома по Тројанската војна.
Одисеја е најпозната по приказните како што се средбите на Одисеј со Киклопот Полифем, со сирените и волшебничката Кирка.
„Следниот филм на Кристофер Нолан, Одисеја, е епска акциона приказна снимена низ целиот свет со помош на новата филмска технологија IMAX. Филмот ја носи главната сага на Хомер на екраните на IMAX за прв пат и пристигнува во кината ширум светот на 17 јули 2026 година“, велат од Universal Pictures.
Според Deadline, главната улога ќе ја игра Том Холанд, а во филмот ќе играат и Зендаја, Ен Хатавеј, Роберт Патинсон, Лупита Нионго и Шарлиз Терон. Дел од овој проект ќе биде и Мет Дејмон, кој соработуваше со Нолан на неговиот последен филм „Опенхајмер“.