Магла на повеќе патни правци

Од:

Поради магла, намалена видливост од 50 до 100 м има на планинскиот премин Страцин, Битола, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Делчево, Струмица и Петровец, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ со потсетување дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15.03.2025 година. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп во тек е санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи, известуваат од“Доо Стентон Градба – Битола”.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Би можело да ве интересира

Магла на повеќе патни правци и планински премини

Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магла

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Поради магла намалена е видливоста на патот Тетово-Гајре, како и на Стража и Плетвар

Намалена видливост поради магла кај Неготино, Демир Капија и Катланово – Велес