Јавноста во Англија е вознемирена од најавата за нов трансфер на еден клуб од Манчестер во друг.
Последен кој го потресе градот беше Карлос Тевез во 2009 година, но со преселба од Јунајтед во Сити.
Сега во спротивна насока би можел да тргне Џек Грилиш, најплатениот Англичанец во историјата на фудбалот.
За него Сити во 2021 година и плати на Астон Вила дури 117.000.000 евра и тоа им се исплатеше на „граѓаните“ во смисла дека учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и трите поврзани титули во Премиерлигата.
Сепак, тој во последно време не е во плановите на Пеп Гвардиола, а се споменува и неговото заминување од „Етихад“.
„Го сакам Џек онаков каков што беше кога го освоивме трофејот. Се обидувам да бидам искрен со себе во врска со тоа. Савињо е во подобра форма и прави сè подобро од него. Затоа тој игра. Знам што може да направи. Јас го видов, знам на кое ниво може да оди и тоа е она што го барам од него на секој тренинг и на секој натпревар“, изјави неодамна тренерот на тимот, Пеп Гвардиола за Грилиш, кој е под договор до летото 2027 година.
Man United ‘eye-up SHOCK move for Jack Grealish’ – as ‘three other Premier League clubs’ also chase out of favour Man City star https://t.co/cna2FMmxuE
— Mail Sport (@MailSport) January 21, 2025
Очигледно еден од заинтересираните тимови е токму Манчестер Јунајтед. Ваков трансфер би бил шокантен, но и страшно интересен во исто време.
Грилиш го одигра целиот натпревар само два пати оваа сезона, а стартуваше вкупно шест пати оваа сезона.
На сите натпревари девет пати влегуваше од клупата и постигна само еден гол, со четири асистенции.