Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека на американскиот претседател Доналд Трамп му се потребни ресурсите на Канада за да ги реализира своите планови и Америка навистина да доживее „златно доба“.
-Трамп рече дека сака да ја воведе Америка во златно доба, а за тоа ќе бара повеќе челик и алуминиум, поважни минерали, посигурна и достапна енергија, повеќе сè за американската економија да продолжи напред со максимална брзина, рече Трудо.
Трамп во својот говор на инаугурацијата, преземајќи ја функцијата како 47-ми американски претседател, рече дека пред сè, ветува дека Америка ќе биде поголема, посилна и поисклучителна од кога било досега.
– Златното доба на Америка започнува токму сега, рече Трамп.