МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Од:

На свечен настан кој се одржа во UTOPIA private business club, МИНТ Финтек Групацијата беше почестена со признание за нивната поддршка и партнерство во последното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Признанието го врачи Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот, на Марјан Вучковиќ, кој раководи со маркетинг секторот на МИНТ Финтек Групацијата.

Настанот, кој собра сите спонзори и поддржувачи на фестивалот, беше одлична можност да се потврди успешната соработка и значајната улога на бизнис заедницата во поддршката на уметноста и културните настани.

МИНТ Финтек Групацијата, со својата посветеност на иновации и напредок, гордо стои зад визијата на фестивалот за истакнување на уметноста на филмската камера и поддршка на филмската индустрија во регионот. Ова признание претставува поттик за идни заеднички проекти кои ќе ги поврзат технологијата и културата во нови и возбудливи форми.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Од лого до лидерство: Mint FinTech го редефинира брендот и добива признание

Контрабасот што ќе донесе нов звук: MINT ја засилува културната сцена во Битола

Младите имаа прекрасна можност да се запознаат и дружат со дел од милите штитеници на прифатилиштето „Хачико“

Горан Наумовски

Визија што оди подлабоко: MINT Fintech Group инвестира во безбедност и доверба

Позитивно известување за сите корисници на услугите на Минт Финтек Груп

Горан Наумовски

MINT Fintech Group: Година исполнета со општествена одговорност и позитивно влијание