Марк Цукерберг, извршниот директор на Мета, е снимен на инаугурацијата на Доналд Трамп како гледа во деколтето на Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос. Видеото набрзо почна да се шири на социјалните мрежи.
Таа беше облечена во бел костум, а длабокото деколте секако му го привлече вниманието. Откако „фрли“ поглед, се насмеа. Следеа бројни коментари од корисниците на интернет.
Oops, I did it again! 😂
Zuckerberg taking a sneak peek at the … ehmm… wristwatch of Lauren Sanchez, Jeff Bezos’ fiancée.
— Muse (@xmuse_) January 20, 2025
„И покрај сè, Марк Цукерберг е само човек“, „Се обложувам дека Безос ќе го блокира после ова“, „Изгледа Цукерберг станува „вистински“ маж“, се дел од шегите кои се прават за него.
Санчез и Безос се снимени во друштво на извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг и извршниот директор на Alphabet или Google, Сундар Пичаи. На инаугурацијата на Трамп присуствуваа и многу други познати личности.
Неодамна почнаа да се шират гласини дека Санчез и Безос наскоро ќе се венчаат и дека за организирање на венчавката потрошиле огромни 600 милиони долари. Сепак, тој ги негираше овие тврдења на X.