Лазаров: Верувавме во позитивен резултат, но можеби не бевме доволно добри за да победиме

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров им честиташе на Холанѓаните по победата над нашата репрезентација со 37-32 во Вараждин.

Тој изјави дека мора да се погледнат грешките направени од овој натпревар и дека можеби не бевме доволно добри за да победиме.

„Можеби Холандија е подобра од нас, ама се боревме многу и верувавме дека можевме до позитивен резултат. Не сум паметен во моментов да кажам нешто. Мора да ги разгледаме грешките на овој натпревар. Можеби не бевме доволно добри за да победиме. Сепак, има многу работи да се кажат. Нашите навивачи не беа задоволни, само тоа ќе го кажам“ изјави Лазаров.

Инаку, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе поднесе жалба за судењето на натпреварот меѓу Македонија и Холандија од страна на данската судиска двојка Мадс Хансен и Јеспер Мадсен.

На натпреварот Холандија доби 12 пенали, имаше доста спорни моменти, а Македонија заврши и со двојно повеќе исклучувања и два црвени картони.

Македонија и натаму е во игра за втората фаза. В недела го играме последниот натпревар од групната фаза против аутсајдерот Гвинеја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП