Американските власти веруваат дека Володимир Зеленски треба да седне на преговарачка маса само од позиција на сила.
Ова за време на брифингот го изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, пренесува ТАСС.
„Нема да форсираме преговори за Зеленски или украинскиот народ“, додаде Кирби.
Кирби исто така изјави дека Соединетите Држави направиле се за Зеленски да има моќ доколку започне преговарачкиот процес.