Младата британка Џема Хиксон пати од агорофобија (страв од овторен простор) поради што три години не е излезена од нејзината куќа. Но и покрај тоа таа стана светска ѕвезда и интернет сензација, а неодмна го објави и својот прв музички сингл.
Таа е најпозната во Кина со 12 милиони посети на Јутјуб. Нејзината снимка во Кина ја има освоено и наградата „Нејгледано видео на месецот“.
Музиката ја создава во импровизирано студио во спалната соба во местото малверн каде што живее со своите родители.
Со нејзината музика се надева дека ќе го сврти вниманието кон сите што патат од агорофобија.
Таа од шестата година пати од напади на паника, а во 16 година била принудена и да го напушти училиштето. Од тогас и не излегува од својот дом.
Помош барала кај десетина психолози и хипнотерапавти но никој не бил во состојба да ја излечи.