Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

Од:

Стратегот на Реал Мадрид, трофејниот Карло Анчелоти по синоќешниот натпревар против тимот на Валенсија во Ла лига рече дека неговата екипа не смее да си дозволи да игра лошо во едно, а добро во другото полувреме.

Имаше свој коментар и за инцидентот во кој Винисиус јуниор го турна Столе Димитриевски во главата, по што доби директен црвен картон.

„Не сакам да кажам дека Вини падна во стапица. Имаше допир од Димитриевски, а потоа туркање од Вини. Мислам дека со два жолти картони се реши. Мислиме дека не е за црвен, туку дека темата требаше да се затвори со жолти картони за двајцата. Ќе поднесеме жалба, мислам дека нема да има санкција за Винисиус“, рече Анчелоти.

За пеналот кој претходно го промаши Белингем рече:

„Димитриевски ги немаше стапалата на линијата, но тоа не прекршок за повторување на пенал ако голманот не ја допре топката. Не влијаеше на играта. Ми пречи друго, што промашивме три пенали сезонава. Ќе треба јас да преземам одговорност и да одлучувам кој ќе ги шутира пеналите“.

Би можело да ве интересира

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

(ВИДЕО) Реал го искористи киксот на Барса, Мбапе повторно се насмевна

А1он

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти носи 19 играчи на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он