Андриј Сигиха за прекинот на транзитот на гас: Му го одзедовме еден од последните лостови на влијание на Путин

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сигиха денеска изјави дека Европа и светот ќе бидат побезбедни без руски гас, нафта и други зависности, како и без самата Русија.

„Украина не само што го блокираше транзитот на руски гас. Го лишивме Путин од еден од неговите последни лостови на влијание врз Европа и способноста да ја користи енергијата како оружје. Европа и светот ќе бидат побезбедни без руски гас, нафта и други ( видови на) зависност, како и без Русија“, изјави шефот на украинската дипломатија на платформата Икс.

Украина го прекина транзитот на руски гас за Европа во 7 часот наутро на 1 јануари.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади