Советот на Општина Тетово денеска во рамки на 43-тата седница го усвои буџетот за 2025 година кој ќе изнесува 49,3 милиони евра. Буџетот беше изгласан од 27 од вкупно 31 советник.
За тоа дали ќе се одвојат буџетски средства за здружението на граѓани кое сака да се формира албанска академија на науки и уметности, што во неколку наврати беше најавувано од градоначалникот Биљал Касами, тој рече дека стојат на таа преземена обврска.
– Што се однесува за албанската академија, сигурно дека ние како општина Тетово, согласно нашите преземени обврски ќе стоиме на тоа, а ќе бидеме понатаму во договор со нив како ќе се реализира. Значи не е тоа прашање на буџетот кој беше усвоен денеска. Реков значи дека тоа е прашање на поддршка која ние веќе сме се договориле и ќе видиме како ќе се реализира – изјави Касами.