Зеленски очекува САД да објават одлука за нова помош за Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека очекува САД денеска да објават одлука за нов пакет значителни количини воена помош за неговата држава.

„Знам дека се подготвува важна американска одлука за поддршка на Украина. Очекуваме официјално соопштение уште утре: значителни пакети поддршка за нашите војници, како за време на годините на војна за заштита на Украина“, рече Зеленски.

Toj порача: „Колку е посеопфатно снабдувањето партнерите, толку повеќе животи на нашите млади луѓе ќе се спасат“.

Според него, продолжува работата на тоа да се обезбеди другите партнери на Украина да ја задржат поддршката на потребното ниво.

„Денеска разговарав со канадскиот премиер Џастин Трудо. Следната година почнува канадското претседавање со Г7 и важно е дефинитивно да се зајакне меѓународната соработка со цел заштита на нашите вредности и животот на нашиот народ“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Порака од Америка: Зеленски, поднеси оставка или прифати ги последиците

Првата одлука на Стејт департментот по хаосот во Белата куќа: Се укинува поддршката за Киев

Предраг Петровиќ

Захарова: Вистинско чудо е што Трамп и Венс не го удрија Зеленски

Предраг Петровиќ

Поддршка за Зеленски од Европа

(ВИДЕО) Новинарот на Трамп до Зеленски: Зошто не носиш костум, дали воопшто имаш?