Студено утро со магла по котлините, преку ден сончево

Од:

Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Поради повисоките температури на планините висината на снежната покривка постепено ќе се намалува.

По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

Би можело да ве интересира

Топло време со високи температури, најава за невреме вечер

Топло со темератури до 38 степени, за попладне најава за пороен дожд

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме

А1он

Нов топлотен бран, период со температури до 40 степени

Катерина Ѓуровски

Од четврток повторно многу топло, во викендот до 40 степени

Температури до 36 степени денеска освежување во вторник, потоа повторно топло

Катерина Ѓуровски