Хрватската изборна комисија (ДИП) напладне ги објави првите податоци за излезноста на претседателските избори, па на ниво на цела земја до 11.30 часот излегле 14 отсто од гласачите, објави Индекс.
Освен во Хрватска, претседател на Хрватска се избира и во странство, во 38 земји, девет помалку од пет години, а право на глас имаат 3.762.224 гласачи.
Во Хрватска во 7 часот почнаа осмите претседателски избори, а за таа функција има осум кандидати.
Гласачките места ќе бидат затворени во 19 часот.