Тошковски: Се апси група која шверцувала скапи возила и фалсификувала исправи

Од:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска потврди дека се спроведува акција насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба.

-Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава, потенцира Тошковски.

Министерот, како што соопшти МВР, изутринава ги посетил полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде одблиску се запознал со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.

Претходно денеска од Обвинителство информираа дека под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.

Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови. Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин.

-Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, Обвинителството ќе информира по нивното завршување, наведуваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Истрагата за трагедијата во Кочани не е завршена, се уште трае

Левица денеска поднесе интерпелација за министерот Тошковски

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

Полицијата изврши претреси кај две лица вработени во Министерство за економија, во Општина Кочани и кај управителот и одговорното лице на дискотеката

МВР истражува дали бегството на Груби било организирано

ДУИ: Тошковски го амнестираше полицаецот кој го понижи Албанското национално знаме