Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси

Од:

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини од 1 јануари 2025 година почнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.

– Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100%, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата. Предлогот на министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и објавен во Службен весник, со што новиот Тарифник почнува да се применува на 1 јануари, се вели во соопштението од Министерството.

Клучните измени вклучуваат:

• За користење на просторот за експлоатација: Надоместокот се зголемува за околу 30%.
• За експлоатација на мермер: Надоместокот ќе изнесува 5% од приходот од продадената минерална суровина, наместо досегашниот процент од фиктивна цена.
• Металични минерални суровини: Зголемување од досегашните 2% на 4%.
• Неметалични минерални суровини: Зголемување во просек над 100%.

Измените не ги засегаат надоместоците за енергетски минерални суровини, како јаглен, со цел да се спречи дополнителен раст на цената на електричната енергија.

– Со оваа мерка, годишниот приход од концесиските надоместоци, кој моментално изнесува околу 10 милиони евра, значително ќе се зголеми. Овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги и поддршка на економскиот развој.
„Со новите измени обезбедуваме фер наплата за користење на нашите национални богатства, штитиме одржлив развој и гарантираме придобивки за сите – и за државата, и за приватниот сектор.“ изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството се раководеше од детална анализа на регионалните и светските практики, како и препораките од Државниот завод за ревизија. Извештајот од април 2024 година потенцира дека концесиските надоместоци во Македонија се најниски во регионот, што ја поттикна потребата за измени. Дел од анализите ги испраќаме во состав на ова соопштение до јавноста.

Би можело да ве интересира

Божиновска: Ќе предложиме избор на државен универзален снабдувач со струја

Божиновска: Ги поддржуваме иницијативите за зелени енергетски коридори и енергетско складирање

А1он

Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови

А1он

Божиновска: Набавката на јаглен сега ќе биде транспарентна

Во редици, со часови се чека за ваучерите за инвертер клими

Мицкоски до Спасовски: Божиновска е поголема Македонка од сите вас заедно

Катерина Ѓуровски