Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

Од:

Во заедничка операција на романската и германската полиција и Агенцијата на ЕУ за соработка во кривичната правда растури организирана група романски хакери кои украле над 100 милиони евра од сметките на повеќе од 700 луѓе во Европа.

Утрово во романските окрузи Олт и Валчеа и во главниот град Букурешт извршени се претреси на 13 адреси како дел од истрагата поврзана со нелегална употреба на уреди или компјутерски програми, нелегален пристап до информациски системи, измами со особено сериозни последици и друго.

Паралелно германската полиција изврши претреси и на две адреси во Германија и во Австрија.

Истрагата утврдила дека групата била формирана во 2022 година од тројца Романци, а подоцна им се придружиле други лица со цел да се стекнат со материјална корист преку измами.

Групата во периодот од август 2022 до декември годинава користејќи „фишинг“, презеле контрола над 120 кориснички сметки на меѓународна платформа за онлајн тргување. Тие на платформата објавувале фиктивни огласи за продажба на артикли, што всушност не ги поседувале. Корисниците на платформата купувале непостоечки стоки, а парите ги уплаќале на банкарски сметки фиктивни лица.

Досега во Европа се идентификувани 708 жртви, а вкупната штета изнесува над 106 милиони евра, соопшти романската полиција.

Би можело да ве интересира

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ