Фудбалот на територијата на поранешна Југославија не навикна на некои чудни случувања во клубовите, но сега Слобода од Тузла (БиХ) ја „помести границата“.
Директорот на Слобода, Азмир Хусиќ им ги врачи отказите на фудбалерите и менаџер на тимот.
– Вчера беше еден од најтешките денови за мене бидејќи морав да им кажам на играчите на Слобода дека повеќе не се дел од клубот. Вчера ги отпуштивме сите фудбалери, а претходно имав средба со тренерот Налиќ и нашата соработка не продолжи. Досега приближно седум играчи потпишаа оставки, а очекувам и останатите да го сторат тоа во наредните денови – изјави Хусиќ.
Првиот човек на клубот е убеден дека радикалниот рез ќе донесе подобри денови.
– Мислам дека сигурно можеме да направиме подобар тим од оној што зеде два бода, дури и ако ги собереме од Тузланскиот кантон, односно од Првата лига – заврши Хусиќ.
Инаку, клубот на последните 17 натпревари има само 2 победи и дури 15 порази.